Баер рано даде два гола, па го разбуди ѕверот од Франкфурт

Баер Леверкузен пропушти прилика да се доближи на еден бод од Борусија Дортмунд, откако наместо победа, претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Ајнтрахт. Фармацевтите водеа во Франкфурт со 2-0 после 22 минути игра, но тоа како да ги разлути домашните, кои постигнаа пет гола, од кои два до крајот на првото полувреме.

Чехот Патрик Шик кој има 14 погодоци сезонава, беше двоен стрелец за Баер, едниот гол му е историски, бидејќи тоа беше јубилеен 5.000-ти пенал во историјата на Бундеслигата (3.744 биле реализирани). Но, сето тоа попусто, бидејќи Ајнтрахт славеше со 5-2.

- Оглас -

Најнови вести