Првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите ќе се памети по победата на Баерн Минхен против Динамо Загреб од 9-2. Баерн стана прв тим кој дал 9 гола на еден меч во ЛШ.
Баварците постигнаа и неколку голa што им беа поништени, и тоа доволно говори каква беше нивната доминација против хрватскиот првак.
Хари Кејн даде четири гола, од кои три од пенали. Кејн е прв англиски фудбалер кој дал четири гола на меч во ЛШ откако натпреварувањето се вика вака. Тој стана и прв играч кој реализирал три пенали на еден меч во ЛШ и прв Англичанец кој на меч од ЛШ постигнал повеќе од два гола во дрес на странски клуб.
На другите мечеви вечерва, Ливерпул со 3-1 победи на гости против Милан, Реал Мадрид се мачеше, но во финишот даде два гола и славеше 3-1 против Штутгарт, а Спортинг со 2-0 од Лисабон го испрати Лил.