Шпанскиот фудбалер Ејмерик Лапорт, кој сега е член на Атлетик Билбао, во интервју за весникот „Ас“, рече дека жали што го напуштил Манчестер сити и преминал во Саудиска Арабија.
Лапорт објасни дека дури откако ќе си заминете од таков клуб како Сити, сфаќате каде сте биле.
„Жалам што си отидов, бидејќи бев во најдобриот клуб на светот, Манчестер сити. Начинот на кој таму се грижат за играчите е уникатен. Тоа го сфаќате дури откако ќе си заминете“, изјави Лапорт.
Во 2018 година, Лапорт од Билбао се пресели во Сити, и за пет години и пол освои 13 трофеи, од кои една во Лигата на шампионите и пет во Премиер лигата. Во летото 2023 замина во Ал-Наср каде играше со Кристијано Роналдо и Садио Мане, но лани се врати во Билбао и тоа по препорака на селекторот Луис Де ла Фуенте.

