Ландо Норис ја прекина доминацијата на Мерцедес

Формула 1 шампионот, Ландо Норис, ја прекина победничката серија на Мерцедес од почетокот на сезоната (ги имаа сите победи и пол-позиции досега), со победа на квалификациите за спринт трката на атрактивната патека во Мајами.

Британецот беше за 0,222 секунди побрз од лидерот во шампионатот Андреа Кими Антонели, а неговиот колега од Мекларен, Оскар Пјастри, ќе стартува од третото место. Шарл Леклер од Ферари беше четврти. Во третиот ред ќе бидат Макс Ферстапен и Џорџ Расел, а по нив следуваат Луис Хамилтон, Франко Колапинто, Исак Хаџар и Пјер Гасли.

Спринтот ќе се вози од 18 часот, а според квотите во Sport Life, секако главни кандидати за победа се Норис и Антонели, пред Леклер и Пјастри.

Вечерва од 22 се официјалните квалификации и борбата за пол-позиција за утрешната главна трка. Квотите во Sport Life и тука најавуваат битка за тронот на Норис и Антонели. Ако бркате поголеми квоти, тука е и опцијата да уплатите на комбинација истиот пилот да биде освојувач на пол-позиција и победник на трката.

- Оглас -

Најнови вести