Сезоната на Спортска прогноза е при крај, не треба да се испушти ниедно коло

Почетокот на мечот Удинезе – Торино, денеска во 15 часот, е крајниот термин до кој може бесплатно да типувате на 13-те парови од основната понуда и двата резервни на 29-тото коло на Спортска прогноза.

Сезоната се ближи кон својот крај, па затоа е важно особено во трката за генералниот пласман, да не се испушти ниедно коло и да се погодуваат и резервните двојки.

Премиерлигашкото дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул е во фокусот на ова 29-то коло. Поголем дел од прогнозерите кои досега се изјасниле, веруваат во Црвените ѓаволи. Само една петтина чекаат победа на Ливерпул.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, на подарок ќе добие iPhone 16. За 12-ка следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“, а подароци ќе има и за прогнозерите кои на крај ќе бидат од второ до петто место.

 

- Оглас -

Најнови вести