Баерн е пред одлука за отказ на Тухел, тој вели: „Подготвени сме да излеземе од кризата“

Баерн Минхен го доживеа и третиот пораз во низа, втор во првенството, и сега има неверојатни минус осум од лидерот Баер Леверкузен. Фудбалската јавност во целиот свет е во исчекување дали Баерн ќе се одлучи да му врачи отказ на Тухел после катастрофата со Бохум или тој самиот ќе си поднесе оставка. Сепак, според германските медиуми ниту едно, ниту другото ќе се случи вечерва.

Дека нема намера да си оди од Баерн, најави и самиот Тухел после мечот со Бохум.

– „Цврсто верувам дека јас и стручниот штаб можеме да направиме пресврт. Притисок? Тоа се случува после секој пораз, но денес се боревеме до последната секунда и не се откажавме од обидите да го избегнеме поразот.“ – рече тренерот на Баерн Минхен после поразот од Бохум.

- Оглас -

Најнови вести