Меси е незадржлив, со два гола го водеше Интер Мајами до победа на гости (Видео)

Кога игра Интер Мајами, јасно е дека шоуто е резервирано за Лионел Меси. Така беше и на последниот меч на кој Интер Мајами со 5:3 славеше на гости кај Синсинати.

Навивачите на стадионот во Синсинати уживаа во осум голови и неколку пресврти. Токму Меси ја отвори серијата погодоци во 24-тата минута, кога погоди за 1:0 за гостите. Синсинати израмни од пенал во финишот на првото полувреме.

Во вториот дел беше гол-шоуто, а повторно Меси погоди за 2:1. Потоа Синсинати со два погодоци ја сврте работата во своја корист за предност од 3:2 во 64-тата минута. Сепак, во последните 25 минути, Интер Мајами постигна три погодоци и на крајот стигна до победа од 5:3. Последниот погодок на мечот беше кога Меси шутираше, топката удри во стативата, се одби од голманот и заврши во голот, па така Меси само за неколку милиметри остана без хет-трик.

Со овие два погодоци Меси сега има вкупно 909 голови во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести