Барселона не упати ниеден шут во рамките на голот кој се бори да не испадне во лига

Барселона ја освои титулата, а тоа како да беше знак дека за нив заврши првенството. Многу неочекувано Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Алавес со 1:0, во меч од 36 коло на шпанското првенство. Алавес во овој дуел влезе како претпоследен на табелата со само 37 бодови, додека Барселона како шампион со 91 бодови.

Токму затоа неверојатно беше дека Барселона може да дозволи да загуби на ова гостување, но Алавес со погодок во 45+1 минута поведе со 1:0 и таа минимална предност ја сочува до крајот на средбата.

До овој меч Барселона имаше серија од 55 натпревари на кои постигнува барем по еден погодок во дуелите од шпанското првенство, а сега таа низа заврши на гостувањето кај Алавес. Најдолгата серија на Барселона на мечеви со погодоци во Примера дивисион останува 64 средби и тоа во периодот од февруари 2012 до октомври 2013 година.

Барселона не само што не успеа да постигне гол против Алавес кој претходно прими 54 гола во 35 натпревари, туку шпанскиот првак не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот. Вкупно осум пати шутираа играчите на Барселона, но сите тие удари беа непрецизни. За разлика од нив, играчите на Алавес шутнаа девет пати, од кои три удари беа во рамките на голот на Шчешни, од кои едниот заврши во мрежата на гостите.

- Оглас -

Најнови вести