Баерн е во нокдаун, водеше па загуби од Мајнц! (Видео)

Мајнц го совлада Баерн Минхен со 3-1 и приреди големо изненадување во Бундеслигата, особено што гостите водеа со 1-0 по првото полувреме. За Баерн ова е четврти пораз сезонава, втор во последните пет кола, а дојде и веднаш по испаѓањето од Лигата на шампионите.

Поразот на Баерн ја израдува Борусија Дортмунд која со победа над Ајнтрахт, вечерва може да го преземе првото место на табелата на пет кола до крајот на сезоната. Голот за пресврт и водство на Мајнц од 2-1 погледнете го ТУКА.

На другите три меча попладнево, победија гостите. Волфсбург со 5-1 го прегази Бохум, Вердер со 4-2 славеше во Берлин против Херта, а Келн со 3-1 го надигра Хофенхајм.

- Оглас -

Најнови вести