Баерн ги скроти опасните Волци, може да се радува на нова титула

Баерн успешно мина голем предизвик на патот до 31-та титула во Бундеслигата и по победата против Волфсбург со 3:2 веќе може да се подготвува за прослава.

Тинејџерот Џамал Мусијала, кој има само 18 години уште еднаш го презентираше раскошниот талент и со два гола ја креираше 21-та победа сезонава во Бундеслигата.

Еден погодок постигна и Чупо Мотинг, доволно за триумф на гостите од Баварија. Волфсбург ја задржа третата позиција со 54 бода, благодарение на поразот на Ајнтрахт во Менхенгладбах од Борусија.

Популарните Орли беа декласирани со 4:0, а со по еден гол Гингтер, Хофман, Бенсебаини и Волф ги вратија надежите на Борусија за пробив кон позициите што водат во еврокуповите.

Значајна победа од 2:1 забележа хитот во првенството, Унион Берлин. Екипата што ја игра само втората сезона во Бундеслигата славеше против Штутгарт со головите на Муса и на Промел.

За гостите од 59. минута играше и нашиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов. Фрајбург го декласира Шалке 04 со 4:0 и го испрати во Втората лига, а на дуелот меѓу Аугсбург и Арминија Билефелед немаше голови.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести