Баерн и Мајнц расположени за игра, дадоа четири гола за само 45 минути, а притоа промашија два пенали

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен води со 3:1 по првото полувреме против Мајнц во дерби пресметката во Бундеслигата со Мајнц. Баварците поведоа уште во петтата минута со голот на Серж Гнабри, а во 28-тата минута Џамал Мусиала зголеми на 2:0.

Садио Мане во 43-тата минута промаши пенал, но веднаш се корегира бидејќи одбиената топка дојде до него и без проблем од втора ја смести во мрежата на Зентнер.

Во последните моменти од првиот дел, Видмер намали на 3:1, откако претходно Буркхард промаши пенал.

Лајпциг со голот на Нкунку во 32-тата минута има минимална предност против Баер Леверкузен.

Волфсбург благодарение на головите на Нмеча и Баку во 27-тата и 35-тата минута има предност од 2:0 по првиотдел против Бохум, додека нерешено по првиот дел е само на дуелот меѓу Штутгарт и Аугсбург (1:1).

- Оглас -

Најнови вести