Преговорите меѓу Баерн Минхен и Мануел Нојер за евентуалното продолжување на соработката продолжуваат. 40-годишниот чувар на мрежата има договор само до крајот на сезоната, но двете страни имаат желба истиот да биде продолжен. Во таа насока, вчера агентот на капитенот, Томас Крот, бил во клупските простории на Баварците.
Информацијата за преговорите ја потврди и спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
„Секако дека разговараме. Сезоната е при крај, па водиме преговори. Имаме добри разговори, но сè уште не сме во фаза кога можеме да излеземе со официјално соопштение“, изјави тој.
Во моментов, 22-годишниот Јонас Урбиг се наметнува како единствена алтернатива на Нојер. Резервниот голман добива сè повеќе шанси и досега има 18 настапи оваа сезона. Тој дури ќе биде стартер и на натпреварот против Хајденхајм во сабота.

