Баерн Минхен има неуспешна сезона и е далеку од одбраната на шампионската титула во Бундес лигата. „Баварците“ ќе имаат нов тренер следната сезона и реконструиран состав, но еден фудбалер сигурно нема да биде продаден.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, вели дека Мусиала ќе биде новиот лидер на екипата и околу него ќе се гради иднината.
„Заминувањето на Мусиала не е можно. Се надеваме дека тој ќе биде новиот лидер, играч кој ќе направи пресврт и ќе донесе радост кај навивачите. Нашата цел е околу него да ја градиме иднината на Баерн.“ – вели Еберл.
Џамал Мусиала до сега дресот на Баерн Минхен го носеше на 156 натпревари, на кои постигна 43 гола, а забележа и 30 асистенции.