Баерн Минхен и Атлетико за само едно полувреме веќе „обезбедија“ место во четвртфиналето на ЛШ

Неверојатно делуваат резултатите во Мадрид и во Бергамо по само едно полувреме во осминафиналето во Лига на шампиони. Атлетико Мадрид имаше старт од соништата. По грешката на голманот на Тотенхем, Љоренте погоди за 1:0 за мадридскиот тим во шестата минута и тој погодок може да го видите ТУКА.

Мадриѓани продолжија да напаѓаат и да постигнуваат голови.  Следуваа погодоците на Гризман во 14 минута, на хавиер Алварез една минута подоцна, а веќе во 22 минута Атлетико водеше со 4:0 благодарение на голот на Ле Норманд. Интересно е дека топката едвај ја помина гол-линијата и само со помош на гол-технологијата беше потврден овој погодок, кој може да го видите ТУКА.

Малку надеж за гостите од Лондон донесе погодокот на Шпанецот Педро Поро во 26 минута. Интересно е дека голманот на Тотенхем Гинсли беше заменет по само 16 минути игра, отако направи две грешки по кои прими два голови, а во тој момент неговиот тим губеше со 3:0.

Баерн Минхен на гостувањето кај Аталанта во Бергамо води со 3:0 и уште сега може да се рече дека најтрофејниот германски клуб си обезбеди место во четвртфиналето на ЛШ. Станишиќ во 12 минута погоди за 1:0 за гостите, а потоа следуваа и погодоците на Олисе во 22 минута и на Гнабри во 25 минута кога веќе беше 0:3 за гостите.

Најнеизвесно е во Њукасл каде домашниот тим и Барселона играат без голови по првото полувреме.

Во првиот натпревар од осминафиналните пресметки, Галатасарај со 1:0 го победи Ливерпул. 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести