Баерн Минхен објави ужасни вести: Кошаркар загина во сообраќајна несреќа, автомобилот целосно изгорел

Германскиот кошаркар Мубарак Салами, загинал во сообраќајна несреќа, објавија од тимот на Баерн Минхен. Салами беше играч во тимот на Драгонс рондорф, а последниот меч го одигра на 18 февруари, кога одигра одлично и постигна 25 поени.

Кошаркарот настрадал на патот меѓу Берхоф и Швармштат, а според полицискиот извештај, неговиот автомобил Хјундаи кој возел кон Хамбург, се судрил со натоварено комбе, а потоа автомобилот бил отфрлен на спротивната страна, каде се судрил и со друг автомобил.

Двата автомобили веднаш ги зафатил пожар и изгореле, па едноставно било невозможно да се помгне на Салами.

Салами беше двократен најдобар стрелец во втората германска лига кога имаше просек од 26 и 27 поени по меч. Оваа сезона играше послабо и просекот му беше 14,1 поени на средба.

- Оглас -

Најнови вести