Херојска победа на Македонија која докажа дека е ракометна сила – повторно ќе играме на Светско првенство!

Македонската ракометна репрезентација повторно ќе игра на Светско првенство, откако во неверојатен меч во „Борис Трајковски“ со 34:26 ги победивме Фарски Острови. Овој триумф беше токму колку што требаше за да ги анулираме седумте гола негатива од првиот меч во Торшавн (34:27).

Со овој успех Македонија го продолжува континуитетот од 14 години како сме дека од големите ракометни натпреварувања. Вкупно по деветти пат Македонија ќе игра на ракометниот Мундијал.

По израмнетите почетни десетина минути кога беше 5:5, Македонија имаше водство од 10:9, кога следуваше одличен период за нашите ракометари.  Со серија од 5:1, избраниците на Кирил Лазаров стигнаа до тогаш највиски пет гола позитива (15:10), а на полувреме се замина со предност на Македонија од 19:15.

Во вториот дел беше 21:17, кога со низа од три гола, Македонија во 37 минута прв пат стигна до седум гола разлика (24:17), разлика со која загуби на првата средба во Торшавн. Потоа имавме и 25:18, а во 48 минута ги имавме и највисоките девет голови предност и тоа 28:19.

Во последните 10 минути Македонија влезе со предност од 30:21, па беше и 31:22, а во 55 минута повторно имавме посакувано водство од осум гола (31:23). Гостите намалија на 31:24, а потоа Марко Митев со еден одличен пробив погоди за 32:24 на точно две минути до крајот на мечот.

Гостите промашија, а потоа Пешевски од пикер позиција беше прецизен за 33:24 на една минута до крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести