Баерн нема милост, ја растури Борусија

Баерн Минхен нема милост кон противниците, па и откако беше јасно дека се старо-новите прваци во Бундеслигата, не попуштаат во ритамот. На денешниот дуел против Борусија Менхенгладбах, Баерн славеше убедливо со 6:0, а сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кога домаќините на „Алијанц Арена“ дадоа четири гола.

Роберт Левандовски кој неодамна се врати по повредата, покаѓа дека веднаш се врати во голгетерски ритам. Полскиот напаѓач погоди по неполни две минути игра, што е негов најбрз гол во дресот на Баерн во Бундеслигата. Левандовски потоа погодуваше и во 34 и 66 минута од пенал, за комплетирање на нов хет-трик. Освен Левандовски, мрежата на Борусија Менхенгладбах ја затресоа и Томас Милер, Кингсли Коман и Лерој Сане.

Токму Милер заедно со Давид Алаба поставија нов рекорд во Бундеслигата, откако по јубилеен 10-ти пат станаа шампиони во Бундеслигата, нешто што не му успеало на ниту еден друг фудбалер во историјата на германскиот фудбал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести