Гвардиола си бендиса фудбалер на Феенорд

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити го има таргетирано десниот бек Џиваиро Рид од Феенорд како потенцијално засилување во летниот преоден рок, пренесува „Скај Спортс“.

Сити подолго време бара нов играч на таа позиција, но добрите настапи на прераспределениот играч од средниот ред Матеус Нунеш го забавија доведувањето на класичен дефанзивец. Најблиску до трансфер беа Тино Ливраменто и Весли, но тие сепак не пристигнаа на „Етихад“.

Рид, кој има 19 години, моментално се опоравува од повреда, но се очекува да се врати на терените во наредните недели и ќе биде дополнително следен од скаутите на Манчестер сити. Тој е младински репрезентативец на Холандија и веќе го привлече интересот на Баерн Минхен и неколку други клубови од Премиер лигата.

Според „Скај Спортс“, Сити исто така бара засилувања и во средниот ред за летниот трансфер прозорец. Се очекува клубот да реализира и повеќе заминувања од тимот.

- Оглас -

Најнови вести