Баерн одигра моќно против Штутгарт, Кејн дојде до 20-тиот првенствен гол (Видео)

Баерн Минхен ја продолжува трката со Баер Леверкузен за врвот во Бундес лигата. Баварците вечерва без поголеми проблеми го совладаа Штутгарт на домашен терен со 3-0, иако постигнаа пет погодоци, но два беа поништени од ВАР системот.

Резултатот го отвори Хари Кејн уште во втората минута. Следуваа два поништени погодоци, на Ким и Милер, па Баерн замина на полувремето само со минимална предност.

Во вториот дел, односно во 55-тата минута Кејн постигна уште еден погодок и зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави кореецот Ким Мин Јае во 63-тата минута.

Со двата денешни гола, Хари Кејн, дојде до бројка од 20 погодоци на 14 првенствени натпревари за Баерн Минхен и убедливо води на бундеслигашката листа на стрелците.

- Оглас -

Најнови вести