Баерн пак го прегази својот омилен муштерија (Видео)

Баерн Минхен со 6-1 го разби Вердер зацврстувајќи се на првото место на бундеслигашката табела.

Баерн има серија од 30 меча без пораз од Вердер, тимот од Бремен 14 сезони не знае за триумф над Баварците и тоа е рекордна серија во историјата на германската лига.

Баерн четврти меч по ред на свој терен дава барем четири гола. Вечерва три гола даде Гнабри, а гол-серијата ја почна Мусијала, кој е прв тинејџер во историјата со 9 погодоци во први 14 кола од Бундеслигата.

Шестиот гол го постигна 17-годишниот Матис Тел.

- Оглас -

Најнови вести