На фестивал од голови присуствуваше публиката денеска која го следеше пријателскиот фудбалски меч помеѓу најтрофејниот германскиот клуб Баерн Минхен, и нисколигашот Ротах-Егерн.
Баерн победи со 14-1, но ова не е резултат кој ќе го воодушеви новиот тренер Венсан Компани, бидејќи лани против истиот ривал, Баерн победи со 27-0.
Три гола за Баерн постигна Тел, по двапати погодуваа Личина и Иранкунда, а во листата на стрелци се запишаа и Мазрауи, Гереиро, Ибрахимовиќ, Бои, Садат, Асп, и Асеко Нкили.