Баерн рутински до второто коло во Купот на Германија (видео)

Баерн Минхен без многу мака се пласираше во второто коло во Купот на Германија. Баварците убедливо го совладаа тимот на Еџерџи Котбус со 3-1, меч по кој се познати сите патници во следната фаза.

По половина час игра, Левандовски ја отвори својата сметка во Купот, а за потврда на триумфот во второто полувреме стрелаа и Коман и Горецка. Во финишот на мечот домаќините добија пенал, кој го реализира Таз за конечни 3-1.

https://www.youtube.com/watch?v=l4QrSY3ebp4

Претходно пласман во второто коло обезбедија: Штутгарт со триумфот од 1-0 над Росток, Карлсруе славеше со 2-0 против Хановер, а Волфсбург се намачи против нисколигашот Халешер и по дополнителни 30 минути славеше со 5-3.

 

- Оглас -

Најнови вести