Баерн сега се кае што потроши 80 милиони евра за него, кога тој е најслаб на теренот

Само пред две години, Лукас Ернандес како стандарден лев бек во француската репрезентација стигна до титулата светски првак на Мундијалот во Русија. Ернандес ги одигра сите 90 минути и во финалето против Хрватска, во победата од 4:2. Беше стандарден и во Атлетико Мадрид, со кого ги освои Лигата на Европа и Суперкупот на Европа.

Сите тие трофеи и успеси беа доволни за Баерн Минхен да го доведе во своите редови. Најтрофејниот германски клуб кој е познат по тоа што не сака да се расфрла многу со пари за доведување нови играчи, реши да направи исклучок за Ернандес.

Баварците решија да платат рекордни за клупски услови 80 милиони евра за трансферот на Французинот од Атлетико во Баерн. Ернандес пристигна во Минхен потпишувајќи петгодишен договор.

Сепак, речиси по комплетирањето на првата сезона, јасно е дека Баерн Минхен згрешил што потроши толку пари за овој играч. Ернандес досега одигра само 20 меча во сите натпреварувања за Баерн, што е помалку од половина. Дури и кога е на терен, Ернандес не игра добро.

На последниот дуел на Баерн во дербито против Борусија Менхенгладбах токму левиот бек на домаќините беше најслаб на теренот. Противникот создаваше најмногу шанси токму по страната на која требаше Ернандес да брани. Тој можеше да ги поправи грешките од одбраната кога во нападот се најде сам пред голманот на Борусија Менхенгладбах, но не погоди од ситуација од која беше полесно да се погоди.

Поради слабата игра, Ернандес беше повлечен од игра во 62-рата минута, а Французинот беше лут на оваа одлука на тренерот Ханзи Флик. Речиси е сигурно дека Ернандес нема да биде стартер на утрешниот меч против Вердер, а како лев бек ќе игра Алфонсо Дејвис.

Речиси е сигурно е дека Баерн во летниот преоден рок ќе се обиде да го продаде фудбалерот кој им е најскап во клупската историја и едно од најголемите промашувања.

 

- Оглас -

Најнови вести