Баерн со многу мака до полуфинале во Купот на Германија

Баерн Минхен славеше со 5-4 против второлигашот Хајденхајм во четвртфиналната пресметка од Германскиот куп. Баварците се изнамачија да стигнат до посакуваната победа, гостите на „Алијанц арената“ дојда по сезнзација и за малку ќе ја приредеа, но квалитетот на германскиот шампион на крајот не дозволи изненадување.

Горецка донесе рано водство за домаќините во 12-тата минута, а потоа останаа со играч помалку на теренот откако Силе заработи директен црвен картон. Фудбалерите на Хајденхајм го искористија хендикепот и во 26-тата и 39-тата минута постигнаа два гола, кои им овозможија да водат по првите 45 минути.

Сепак, Баерн не се предаде, па во рок од 12 минути го сврте резултатот во своја корист со погодоците на Милер, Левандовски и Гнабри. Се чинеше дека по 4-2 гостите немаат шанси за ново израмнување, но не мислеше така и Глатсел, па во 74-тата и 77-та минута на двапати ја затресе мрежата на Улрајх и го запиша хет-трикот и израмни на 4-4, но потоа Левандовски во 84-тата минута беше прецизен од белата точка и на Баерн му донесе полуфинале.

 

- Оглас -

Најнови вести