Бајиќ: Долгиот пат до Украина има влијание за падот во играта во второто полувреме

Македонија одигра добро прво полувреме, но очајно второ, па затоа и убедливо загуби на гостувањето кај Украина во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Селекторот Драган Бајиќ вели дека и долгото патување до Украина има причина за падот во играта во второто полувреме.

„Честитки на Украина за победата. Јас можам да ги пофалам моите кошаркари за играта во првото полувреме. Краток беше периодот за подготовка, се обидовме да го испочитуваме тоа што се договоривме. Го успоривме ритамот и не дозволивме противникот да се разигра. Ги сведовме грешките на минумум. Сепак, во второто полувреме паднавме. Мислам дека влијаеше и долгиот пат до Украина. Ја изгубивме енергијата. Мораме да одиме напред затоа што има уште мечеви за играње“, рече Бајиќ.

- Оглас -

Најнови вести