Балканска работа – Градот им даде 330 илјади евра за спас на клубот, веднаш удрија на луксуз и купија мерцедес од 40 илјади евра

Раководството на хрватскиот третолигаш Задар е под силен притисок, по објавата на тамошните медиуми дека од позајмените пари во висина од 330 илјади евра што им ги одобри Град Задар си купиле луксузен Мерцедес што чини 40 илјади евра.

Градското собрание на Задар изгласа одлука со 2.5 милиони куни како позајмица да му се помогне на фудбалскиот клуб, кој сега е третолигаш, а има настапувано и во елитната хрватска лига.

Потоа шокантно делуваше веста на хрватските медиуми, дека наместо во развој на фудбалската Академија на клубот, големи пари се потрошиле на луксузирање. Наводно бил купен мерцедес, што чини 40 илјади евра, а го добил директорот на младинската школа Крешимир Гојун.

Од фудбалскиот клуб Задар излегоа со соопштение во кое велат дека Гојун не е виновен и дека тој воопшто не сакал автомобил, кој не бил толку скап, односно не чинел 40 илјади евра, туку многу помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести