Политехника Тимисоара некогаш важеше за еден од најголемите романски клубови, но после банкротот во 2012 година, клубот функционира во ниските лиги. Екипата од Темишвар во моментов се натпреварува во третата лига, без некои поголеми амбиции.
Сепак, романските власти одлучија во Темишвар, кој има околу 300.000 жители, да се гради ултрамодерен стадион со капацитет за 30.596 гледачи, а неговата изградба се проценува дека ќе чини 135 милиони евра.
Уште почудно звучи и најавата дека покрај овој стадион, ќе се гради уште еден еден, помал, со капацитет за 10.101 гледачи и со вредност од 17 милиони евра.
Стадионот на Политехника, „Дан Палтинисану“, не е во употреба од 2022 година, па клубот своите домашни натпревари ги игра буквално каде ќе стигне, односно по „ливади“, но сега ќе имаат два модерни стадиони.