Балканската дружина во Ајнтрахт гази безмилосно во Германија

Ајнтрахт е хит во Бундеслигата, а балканската дружина од Франкфурт гази безмилосно во Германија и денеска со головите на Анте Ребиќ, Лука Јовиќ и Филип Костиќ му зема мерка и на Хановер.

Хрватот Ребиќ со погодок во 54. минута на асистенција на Јовиќ најави победа на гостите, а потоа српскиот тандем Лука Јовиќ и Филип Костиќ ја тресеа мрежата на Хановер за убедливи 3:0.

И што е најинтересно ова трио на Ајнтрахт даваше голови и си асистираше меѓусебно. Јовиќ имаше две асистенции и погодок и е најдобар стрелец во Бундеслигата со 15 голови.

Костиќ постигна гол и имаше една асистенција, а Ребиќ со голо ја најави победата на гостите. Ајнтрахт е на шестата позиција со 36 бода и е во игра за позиции кои водат во Лигата на шампионите.

Хановер е претпоследен со 14 бодови.

- Оглас -

Најнови вести