Банфилд не го доби очекуваниот процент од трансферот, но Хамес не го остава ексклубот на цедило

Од трансферот на Хамес Родригес во Евертон , аргентинскиот прволигаш Банфилд очекуваше да заработи процент од преселбата, меѓутоа излезе дека Реал Мадрид го пушти Колумбиецот без отштета да го облече дресот на Карамелите.

Клубот за кого Хамес играше пред десетина години, пред да се проба на Стариот Континент, се надеваше на финансики надомест кој ќе беше од голема корист во ваков кризен период, но не виде ниту евро, па затоа новата ѕвезда на Евертон реши да излезе во пресрет.

Наводно, Родригес одлучил дел од платата која ја заработува во Евертон да ја проследи во финансирање на младинскиот погон на Банфилд. Со овој хуман и џентлменски потег Хамес на еден начин му се оддоложува на клубот кој му помогна да прерасне во фудбалер каков што е денес.

- Оглас -

Најнови вести