Баражите за пополнување на Првата лига ќе се одиграат на стадионите во Битола и во Кавадарци

Брера Струмица и Пелистер од Првата лига, заедно со Скопје и Шкендија Арачиново од Втората лига, се наоѓаат пред клучни натпревари кои ќе ја одредат нивната иднина во македонскиот фудбал.

Станува збор за бараж-дуели за пласман во елитата, во кои ќе се судрат екипи со различни цели — едни да го сочуваат прволигашкиот статус, други да обезбедат промоција во најсилната конкуренција.

Во првиот натпревар, Брера Струмица ќе игра против Скопје на теренот во Битола. Струмичани ќе се обидат да останат дел од Првата лига, додека скопскиот состав ќе атакува на камбек меѓу елитата.

Вториот бараж носи дуел меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново во Кавадарџи, каде битолскиот тим ќе се обиде да го одбрани прволигашкиот статус, а противникот ќе бара историски пласман во повисок ранг.

Натпреварите се закажани за 31 мај во 16:30 часот, а се очекува максимална неизвесност и голема борба за место во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести