Барди: Да ги коригираме грешките и да бидеме поподготвени за дуелите од Лигата на нациите

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, очекува утрешниот меч против Молдавија и тој против Црна Гора, кој ќе се игра за неколку дена, да бидат одлична можност за да бидат коригирани грешките кои беа утврдени во играта на нашата селекција во претходниот период.

Со овие две средби во Анталија, Македонија всушност ќе ги започне подготовките за тоа што следува во втората половина од годината, а тоа се настапите во Лигата на нациите.

„Среќни сме што по подолго време повторно сме сите заедно во националниот тим. Овие два натпревари ќе бидат тест да видиме до каде сме и како да се обидеме да ги коригираме грешите кои ги правевме во претходниот период и да бидеме поподготвени за дуелите од Лигата на нациите. Наша задача е да го дадеме максимумот. Молдавија е сериозен ривал кој беше на чекор од пласман на ЕП и секако ќе биде одличен тест за тоа што нѐ очекува во иднина. Во фудбалот веќе нема пријателски дуели и на секој меч кога игра репрезентацијата, мора да се даде максимумот“, рече Барди пред утрешната пресметка на Македонија против Молдавија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести