Барди доби шанса во финишот да даде допринос во триумфот на Трабзон, Алиоски не беше ниту на клупата на Фенербахче

Дербито на 15-то коло во турската Суперлига му припадна на шампионот Трабзонспор кој со 2:0 славеше над Фенербахче, а македонските репрезентативци немаа голем удел во мечот.

Енис Барди средбата ја започна од клупата за резервни играчи, а во игра влезе во 76-та минута на местото на Бакасетас кој асистираше при првиот гол за Трабзонспор во 61-та минута кој беше дело на Макси Гомер. Вториот гол со кој ја завери победата, Трабзонспор го постигна во 11-та минута од судиското продолжение.

Вториот македонски репрезентативец, Езџан Алиоски, не беше ниту на клупата за резерви, туку според извештајот, тој бил неподготвен за настап.

- Оглас -

Најнови вести