Португалија забележа победа од 2-1 над Чиле на првиот контролен дуел во пресрет на Светското првенство. Кристијано Роналдо беше стартер, но беше заменет на полувремето, а во првиот дел успеа да постигне гол, кој беше поништен поради офсајд.
Сепак, првиот дел го одбележа инцидентот во финишот, кога беа исклучени Рафаел Леао од Португалија и Иван Роман од Чиле.
Сите голови беа постигнати во второто полувреме, кога веќе и двете селекции имаа по играч помалку на теренот. За 1-0 погоди Гончало Гуедес, додека на 2-0 зголеми Бруно Фернандеш во 75-тата минута.
Почесниот погодок за Чиле беше дело на Лукас Сепеда во 92-рата минута.
Португалците генералката ќе ја имаат во среда, само ден пред официјалниот почеток на Мундијалот и тоа против Нигерија.

