Слот одлучи: Ништо од Премиер лигата, ќе чека друга шанса

Арне Слот нема да остане во Премиер лигата и покрај интересот од Фулам, пренесуваат англиските медиуми.

Холандскиот стратег неодамна доби отказ од Ливерпул по разочарувачката сезона во која „црвените“ завршија на петтото место во Премиер лигата и останаа без освоен трофеј. По серија состаноци, раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката со тренерот.

Набрзо по заминувањето од „Енфилд“, Слот добил понуда од Фулам да го преземе лондонскиот клуб, но решил да ја одбие.

Фулам е во потрага по нов менаџер откако Марко Силва ја напушти клупата и ја презеде Бенфика. Слот бил прва желба на управата, но Холанѓанецот смета дека тоа не е најдобриот чекор за продолжување на неговата кариера.

Според информациите, Слот се надева дека по завршувањето на Светското првенство ќе се ослободи селекторската позиција во репрезентацијата на Холандија. Тој наводно важи за еден од главните кандидати доколку Роналд Куман реши да се повлече.

Во својот мандат во Ливерпул, Слот забележа 66 победи на 113 натпревари, но втората сезона беше далеку под очекувањата на клубот и навивачите.

Во меѓувреме, Фулам ќе се насочи кон други кандидати, а според британските медиуми, нов фаворит за тренерското место е Киран Мекена.

Останува да се види каде Арне Слот ќе ја продолжи кариерата, но во моментов неговите погледи се насочени кон можноста еден ден да ја предводи холандската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести