Барди е оптимист: Да ја завршиме годината со пласман на ЕП (Видео)

Енис Барди беше гостин на клупската телвизија на Леванте и во интервју што клубот го објави на својата интернет-страница вели дека едвај чека да почне повторно да игра фудбал.

„Се надевам дека епидемијата наскоро ќе стивне за да можеме повторно да играме фудбал. Ми недостасуваат соиграчите, натпреварите, публиката… Ќе излеземе посилни и од ова“, вели Барди на почетокот на интервјуто.

Главната цел се знае, Македонија да се пласира на Европското првенство, а дотаму има уште два чекора, победа против Косово и потоа триумф над Грузија или Белорусија.

„Сонувам да играм на големо натпреварување во сениорска конкуренција. Се надевам дека годината ќе ја завршиме со победи против Косово и потоа во финалето со Грузија или Белорусија. Секако, се надевам и на успеси со Леванте во Ла Лига. Само да бидеме живи и здрави и потоа да мислиме само на фудбал“, додава македонскиот репрезентативец.

Барди беше дел од златната генерација младинци што играше за Македонија на историското Европско првенство во Полска за играчи до 21 година пред три лета. Сега има шанса и со селекцијата а А, во која е стандарден член, да настапи на ЕП следната година.

Целото интервју погледнете го во продолжение.

- Оглас -

Најнови вести