Барди е специјалист за голови против Атлетико, двапати го прати Облак „по бурек“ (Видео)

Леванте извлече нерешени 2-2 против Атлетико Мадрид, во меч на кој Енис Барди ги даде двата гола за домашните и двата од пенали. Барди станува специјалист за погодоци против Јорганџиите бидејќи и последниот гол пред овие вечерашни два беше против Јан Облак и Атлетико.

Барди има 22 гола во Ла Лига, од нив 8 се од прекини (6 од слободни удари и два од пенали). Тој вечерва двапати го надмудри Облак, кој не беше ниту блиску до одбрана на пеналите на македонскиот репрезентативен плејмејкер. Барди е седми играч во историјата на Ла Лига кој на ист меч дал два гола од пенали против Атлетико.

Атлетико на сите досегашни гостувања сезонава примаше по еден гол, а вечерва ја заврши таа низа и прими два. Атлетико има четири, а Леванте дури шест нерешени резултати сезонава, со тоа што тимот од Валенсија уште од април нема лигашка победа. За Атлетико головите ги дадоа новите засилувања кои дојдоа летоска: Антоан Гриезман и Матеус Куња. И за нив ова беа први голови сезонава.

Ова е вториот гол на Барди:

- Оглас -

Најнови вести