Барди го совлада Облак! (Видео)

Леванте и Атлетико Мадрид играат 1-1 по првото полувреме на мечот од шпанската Ла Лига, на кој прв гол сезонава постигнаа Енис Барди за домашните и Антоан Гриезман за гостите. Французинот ги доведе во водство Јорганџиите, а Барди израмни од пенал.

Беше изненадување за многумина што пеналот за Леванте не го изведе капитенот Моралес, туку нашиот репрезентативец. Барди ја оправда довербата и со шутот од 11 метри го совлада еден од најдобрите голмани на светот, Јан Облак.

https://streamable.com/3mi3fk

- Оглас -

Најнови вести