Барди го чекаме со нетрпение, но мали се шансите да игра против Австрија

Енис Барди и неговиот тест на Ковид-19, кој го очекуваат сите, секако да биде негативен е најголемиот проблем во македонскиот табор пред настапот на Европското првенство.

Селекторот Игор Ангеловски е оптимист и вели дека иако Барди ќе го чека со последен момент, иако можеби нема да биде 100 посто подготвен за настап против Австрија и под услов следниот тест на корона-вирус да му биде негативен.

Претходните два теста за жал беа позитивни, па се уште лебди неизвесноста околу настапот на Енис, иако сите очекуваат и посакуваат тој да игра на својата стандардна позиција, во средниот ред на македонската селекција на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести