Диего Симеоне „удри“ по Јамал: Не се плашам од тинејџер кој прави трикови, далеку е од Роналдо

Атлетико Мадрид вторпат сезонава ја исфрла Барселона од едно натпреварување. По елиминацијата во полуфиналето на Купот на Шпанија, Атлетико сега беше подобар од каталонскиот гигант и во четвртфиналето од Лигата на шампионите. По мечот, тренерот на мадриѓаните, Диего Симеоне, со солзи радосници во очите го прослави успехот на неговиот тим, а потоа имаше и порака до тинејџерската ѕвезда во редовите на Барселона, Ламин Јамал.

„Јамал е добар и талентиран дечко. Пред мечот бараше да му дозволиме да игра еден на еден, а потоа даде гол уште во третата минута. Ако тие беа во полуфиналето, медиумите сега ќе го крунисаа Јамал за крал. Но, во фудбалот единствено е важно кој ќе биде во следната фаза. Медиумите мислат дека се плашам од тинејџер кој прави трикови и дава самоуверени изјави. Ајде, ви се молам…“, рече Симеоне.

Според Симеоне, Јамал уште е далеку од Кристијано Роналдо, кој речиси една деценија настапуваше за Реал Мадрид, а аргентинскиот стратег на чело на Атлетико вели дека бил немоќен кога гледал како Португалецот доминирал на теренот.

„Десет години стоев покрај аут-линијата и го гледав Кристијано Роналдо како постигнува хет-трикови и го исфрлаше нашиот тим од ова натпреварување. Тоа е вистински терор. Ламин вечерва одигра прекрасен меч, но реалноста е дека ние одиме во полуфиналето, а тој ќе оди дома да нè гледа на телевизија. Голема е разликата од тоа да одиграш прекрасен меч и од тоа да бидеш ноќна мора“, додаде Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести