Јамал само со 18 години покажа што значи да се биде лидер и во толку болна елиминација (Видео)

Ламин Јамал има само 18 години, веќе има завидна листа на освоени трофеи. Сепак, на листата го нема пехарот од Лигата на шампионите, а од синоќа е јасно дека тинејџерот ќе мора да почека најмалку уште една сезона затоа што неговата Барселона е елиминирана од Атлетико Мадрид.

Барселона синоќа во Мадрид победи со 2:1, Јамал даде гол, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од 0:2 што каталонскиот гигант ја имаше по средбата на „Камп ноу“. По завршувањето на дуелот на стадионот „Ванда Метрополитано“, речиси сите фудбалери на Барселона разочарани, со наведнати глави стоеја на теренот, додека Јамал реши стоечки да го прифати фактот дека е елиминиран.

Само што заврши средбата, Јамал отиде да се поздрави буквално со сите свои соиграчи, да им даде поддршка во моментите кога се најразочарани. Едноставно, тинејџерот покажува дека освен што се претвори во лидер на теренот додека трае натпреварот, тој е лидер и во најтешките моменти и оној кој им дава поддршка на своите соиграчи.

- Оглас -

Најнови вести