Портланд трејл блејзерс на гостински терен го победи Феникс санс со 114:110 во мини турнирот кој треба да ги даде последните патници во плејофот. Со овој триумф Портланд го обезбеди седмото место во НБА-разигрувањето, каде што во првото коло ќе игра против Сан Антонио спарс.
Вистински лидер на Портланд во победата над Феникс беше израелскиот крилен играч Дени Авдија, кој постигна 41 поен. Посебно Авдија се истакна во завршницата. На 40 секунди до крајот Феникс водеше со 108:107, а Авдија ги постигна клучните пет поени по ред за победа на Портланд. Феникс имаше шут за победа во последниот напад, но домаќините промашија и потоа Портланд го завери успехот.
Кај Феникс најефикасен беше Џелејн Грин со 35 поени, а на Сонцата сега им останува да се борат за осмото место во плејофот на Западната конференција, и тоа против подобриот од дуелот меѓу Голден стејт и ЛА клиперс.
Во вториот меч кој се одигра ноќеска, 48 минути беа малку да се дознае победникот, па на крајот Шарлот славеше со 127:126 против Мајами по продолжение од пет минути. Ламело Бол со 30 поени беше предводник во победничкиот тим, а одличен беше и Бриџис со 28 поени.
Сега Шарлот ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Орландо и Филаделфија и ќе се бори за осмото место на Истокот, додека за Мајами заврши оваа сезона во НБА. Шарлот последен пат играл во плејофот во 2016 година, што значи дека 10 години чекаат за да бидат во разигрување за титулата.

