Барди ќе игра на последниот меч на Гриезман во дресот на Атлетико (Видео)

Антоан Гриезман по пет години си заминува од Атлетико Мадрид. Тој на видео кое го објави и клубот чиј дрес го носеше досега, објасни дека си заминува летово, но не кажа каде ќе ја продолжи кариерата. Последниот меч во црвено-белиот дрес ќе го игра в сабота, против Леванте.

Се шпекулира дека Барселона е прв фаворит за потписот на Гриезман, но не е исклучено во трката сериозно да се вмеша и богатиот француски првак ПСЖ. Симптоматично е што видеото го објавија од Атлетико, каде што веројатно не би им било мило ако нивната ѕвезда премине кај ривалот со кого се борат за титула во Шпанија.

„Одлучив да си одам, да побарам нови предизвици. Со Атлетико го освоив првиот трофеј во кариерата, имав пет неверојатни години, имаше моменти кои ќе ги паметам вечно. Секогаш ќе ве носам во срцето“, рече 28-годишниот Гриезман, кој е петти стрелец во историјата на „јорганџиите“.

- Оглас -

Најнови вести