Барди направи „магија“ на тренинг на Леванте (Видео)

Враќањето на Енис Барди на фудбалските терени е добра вест за Леванте, кому викендов му претстои тежок натпревар на гости против Севилја. Барди му недостасуваше на македонскиот национален тим на средбите со Словенија и Полска, а му фали и на Леванте и затоа се задоволни во тој клуб што Енис се врати по повредата.

Барди на денешниот тренинг постигна еден гол со шут „рабона“, кој беше снимен од повеќе агли. Погледнете ја мајсторијата на Барди кој не е мајстор само за слободни удари туку покажа дека има и други начини да се воодушеват фановите:

- Оглас -

Најнови вести