Македонската фудбалска репрезентација на утрешниот меч со Летонија во Скопје можеби ќе биде ослабена со неиграњето на капитенот Енис Барди.
Барди требаше да се појави на прес-конференцијата, но место него, дојде Столе Димитриевски и можно е голманот утре да ја носи капитенската лента. Селекторот Благоја Милевски пред мечот ќе одлучи кои 11-мина ќе го почнат мечот.
„Барди има проблеми со гласните жици. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со него. Утре ќе решам за почетниот состав“, изјави Милевски.