Барди нема среќа со повредите, нема да игра утре против Столе Димитриевски

Енис Барди нема среќа со повредите и пак има проблем поради кој ќе отсуствува одредено време од фудбалските терени. Нашиот репрезентативец се повреди на последниот меч во квалификациите против Романија, а го мачи тетивата на бутниот мускул на десната нога.

Од таа причина ќе го пропушти и утрешниот меч од четвртото коло во Ла Лига против Рајо Валјекано, клуб чиј голман е Столе Димитриевски.

Од Леванте објавија дека ја следат состојбата со повредата на Барди, но засега не се знае точно колкава ќе биде паузата.

„Во моментов не се знае точно колкава ќе биде паузата за Енис. Ќе треба по дополнителни прегледи да се утврди тежината на повредата“, објавија од шпанскиот клуб.

Барди лани поради повреда го пропушти историскиот меч во финалето на Сегментот Д во Лигата на нациите против Грузија во Тбилиси, кога Македонија победи со 1:0 и обезбеди настап на првото големо натпреварување, на Европското првенство.

Барди имаше малер и со корона-вирусот и непосредно пред патот за Букурешт, каде што ги игравме двата меча против Австрија и Украина, имаше позитивен тест, но сепак играше на ЕП.

Сега има незгодна повреда на тетивата, но се очекува брзо да закрепне и да биде во редовите за октомвриските дуели на Македонија против Лихтенштајн во Вадуз на осми и со Германија три дена подоцна во Скопје во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести