Барди: Оваа банда секогаш прави нешто големо (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија уште еднаш покажа дека знае како да игра против Италија, вчера одигра 1:1 на Националната арена „Тодор Проески“.

Голот за Македонија беше дело на Енис Барди и тоа од слободен удар во 81-та минута и ги испрати Аѕурите со горчлив вкус.

Претходниот натпревар меѓу Македонија и Италија беше во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 кога Александар Трајковски во судиското продолжение во Палермо ги шокира Аѕурите.

„Секогаш сум зборувал дека оваа банда секогаш прави нешто големо. И порано го направивме ова и мислам дека некогаш ни фали да веруваме дека можеме многу да направиме. Македонија е мала држава, но има 11 срца кои гинат на терен, и тие што влегуваат во игра и тие што се на клупа. Цела репрезентација мора да биде гладна како што беше на мечот со Италија“, изјави Барди.

- Оглас -

Најнови вести