Македонскиот Пирло ја оддалечи Италија од ЕП 2024, ни со нов селектор не можат против нас!

Актуелниот европски шампион во фудбал, репрезентацијата на Италија, можеби нема да игра на Европското првенство следната година кога треба да го брани трофејот, а ако не се најдат во Германија, една од причините ќе биде вечерашниот дуел со Македонија во Скопје.

Македонија има само теоретски шанси за пласман на ЕП, но потврди дека е многу незгоден ривал за Аѕурите, без разлика кој им е селектор.

Голот кој ни донесе бод вечерва, а на Италијанците им скрати два, беше дело на Енис Барди, кој даде прекрасен гол од слободен удар во стилот на италијанските легенди Алесандро Дел Пјеро или Андреа Пирло.

- Оглас -

Најнови вести