Барди се навикна на победи, покер за Леванте

Леванте е во серија од четири победи и стаса до седмата позиција во шпанската Ла Лига, по триумфот од 2:0 против Леганес.

Енис Барди си соиграчите ставија печат на големиот триумф против Реал Мадрид со нови три бода освоени во дуел со клуб од Мадрид.

Нашиот репрезентативец го одигра целиот меч, а стрелци за нов триумф беа Роџер Марти и Рочина.

Во натпреварите од топ-5 лигите што почнаа во исто време од 18.30 часот, Селта го декласираше Еибар со 4:0, со идентичен резултат во Бундеслигата Хофенхајм го победи Штутгарт, а Лестер и Вест Хем ремизираа 1:1 во Англија.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести