Барди слета во Трабзон: Играњето во Лигата на шампионите е голема мотивација за мене!

Енис Барди пристигна во турскиот град Трабзон за да направи лекарски прегледи и да потпише тригодишен договор со клубот Трабзонспор, кој е актуелен шампион на Турција. Македонскиот интернационалец попладнево ќе се запознае со тренерот и соиграчите.

„Среќен сум што дојдов тука. Ќе се сретнам со тренерот и со моите нови соиграчи. Чест е да се биде член на шампионски тим. Играњето во Лигата на шампионите е голема мотивација за мене“, изјави 27-годишниот плејмејкер кој во Трабзон дојде од шпанскиот Леванте, а за да заигра во групната фаза од ЛШ, ќе треба да го елиминираат данскиот Копенхаген.

- Оглас -

Најнови вести