Барела е талисманот на Италија, откако стана репрезентативец, не знае за пораз

Фудбалерот за врска на Интер, Николо Барела, е вистински талисман на италијанската фудбалска репрезентација и тоа им оди во прилог пред вечерашниот дуел во Лондон против Шпанија од полуфиналето на Европското првенство. Откако Барела дебитирал за националниот тим, Италија со него на теренот нема пораз на 27 меча по ред.

Тоа е апсолутен рекорд за четирикратните светски шампиони, и тоа со голема предност пред стариот рекорд на Уто Локатели од 22 меча по ред без пораз, кој датираше од далечните 30-ти години на 20-тиот век.

- Оглас -

Најнови вести